Утрински Весник
Македонија

Чулев:МВР не би сакало да врши притисок врз верските заедници

Чулев:МВР не би сакало да врши притисок врз верските заедници
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Струмица, 22 мај 2020 (МИА) – На жалбите од верници од ИВЗ дека полициски службеници ги замолувале да немаат молитви за празникот Рамазан Бајрам, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев со став дека Координативното тело при МВР донело одлука припадниците на МВР превентивно да делуваат во насока на спречување на било какви поголеми собири или кршење на мерките.

Министерот Чулев ја пофали денешната превентивна акција на струмичката полиција за делење маски и ракавици и додаде дека такви акции МВР секојдневно реализира.

– Постапувањето на МВР беше во насока да им се укаже на припадниците на верската заедница, односно на свештениците, да постапуваат согласно одлуките и мерките на Владата, а не да не се одржуваат верски молитви, туку сите тие молитви да бидат правени согласно мерките и одлуките на Владата. Значи, Министерството за внатрешни работи во никој случај не би сакало да врши притисок врз верските заедници во нормално извршување на нивните верски обреди, рече Чулев за време на дешната посета на Струмица. рт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата