Утрински Весник
Македонија

Во гевгелиски Комуналец намалена наплатата на сметките

Во гевгелиски Комуналец намалена наплатата на сметките
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија, 22 мај 2020 (МИА) – Од воведувањето на вонредната состојба поради пандемијата со Ковид-19, гевгелиски „Комуналец“ кој опслужува 9.000 физички лица и 800 правни субјекти, се соочува со намалена наплата на комунални сметки во месеците март и април, посочија денеска од јавното комунално претпријатие.

– Во споредба со истиот период лани, наплатата на нашите услуги во просек е намалена за 20 отсто, но посебно е намалена априлската наплата на сметки кај правните лица и таа изнесува 30 отсто во споредба со месец април 2019 година, рече директорот Златко Зумров.

И покрај намалената наплата, Зумров соопшти дека „Комуналец“ и понатаму останува активно вклучен во активностите кои се надвор од основната дејност, како што се дезинфекциите на улиците и јавните површини, на влезовите на станбените згради, на градската капела, пазарот, машинско метење на улиците и опслужувањето на дезинфекциските бариери за возила на влез и излез од градот Гевгелија кои дополнително го оптоваруваат материјалното работење на претпријатието.

– Сите овие активности од нас бараат поголем ангажман на работна сила и носат поголеми трошоци за гориво како и за обезбедување на дезинфекциски и заштитни средства за вработените,но сметам дека успешно ќе се справиме со проблемите и ќе помогнеме во заедничката борба против пандемијата, истакна Зумров. им/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен