Утрински Весник
Македонија

Гевгеличанец тешко повреден на патот Градско-Неготино

Поради сообраќајка во прекин патот Гостивар-Кичево
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – На регионалниот пат Градско – Неготино вчера околу 15 часот, патничко со возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од  49 годишниот И.Ѓ.од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал.

Како што информираат од СВР Велес, при несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Screenshot

Увид извршила екипа од СВР Велес.

По укажаната помош во велешката болница поради голем број на скршеници по телото тој во тешка состојба, но надвор од животна опасност бил пренесен на Клиниката Карил во Скопје, информира за МИА,Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

– Повредениот се здобил со сериски фрактури  на повеќе ребра,фрактура на карлица двете потколеници и на левото стапало и затоа  со наше возило за Итна помош  го транспортиравме за понатамошно лекување на Клиниката Карил во Скопје, појасни Неделковска Николова. ад/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија