Утрински Весник
Македонија

Министерот Чулев во посета на ГП Богородица

Министерот Чулев во посета на ГП Богородица
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска беше во работна посета на граничниот премин „Богородица“ каде се сретна со раководството и ги посети полициските службеници кои изминатиот период, како што напиша на неговиот ФБ профил, неуморно и посветено работеа за камионскиот транспорт да не запре, да не се затворат маркетите и граѓаните да ги имаат сите потребни продукти за нормално функционирање на животот.

– Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес пандемијата да нема влијание врз реалниот живот, вели министерот Чулев.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Тој им се  заблагодари за ангажманот и посветеноста за сите вработени во Министерството за внатрешни, но и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба.

– Пандемијата од коронавирусот значително го смени текот по кој функционираше општеството и нашите животи. Ги затвори границите и го ограничи нашето движење. Но, еден сегмент од човечкото живеење не смеевме да дозволиме да застане и успеавме во тоа. И тоа беше вистински предизвик за сите нас. Економијата и транспортот продолжија да функционираат без посериозно и поголеми отстапувања, објави на својот ФБ министерот Чулев. цр/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија