Утрински Весник
Економија

Граѓаните со нереални сметки за струја да поднесат претставка до РКЕ

Во Берово акција за откривање крадци на струја

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Граѓаните чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корегирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

– Граѓаните  можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметката отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија, изјави  Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ посочуваат дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за заштита од ширење на коронавирусот,  дел од компаниите врз кои имаат надлежност ги дигитализрале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“