Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на полицијата бара Владата да усвои уредба за исплата на награда за полициските службеници

Синдикатот на полицијата бара Владата да усвои уредба за исплата на награда за полициските службеници

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Синдикатот на полицијата реагира на вчерашната изјава на министерката за финансии околу исплатата на награда за полициските службеници и бара Владата на денешната седница да го прифати барањето на министерот Наќе Чулев за исплата на еднократен паричен надоместок од 15.000 денари за вработените во Министерството за внатрешни работи.

– Како синдикат сметаме и веруваме дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените 15.000 денари кои до Владата ги предлага министерот Наќе Чулев. Да, малку се, но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи. Веруваме и дека после завршувањето на кризата, дополнително повторно ќе бидат наградени работниците во МВР, велат од Синдикатот.

Во писмото испратено до Владата, Синдикатот очекува Владата да смогне сили и да ја донесе оваа одлука која, како што велат, можеби ќе ја врати довербата во професијата „полицаец“. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата