Утрински Весник
Македонија

Двајца тешко повредени на патот Градско-Неготино и Неготино-Демир Капија

Починало 14-годишно девојче во базен во Битола
Dik 300x250 mk

Неготино, 22 мај 2020 (МИА) – Две лица вчера се здобиле со тешки телесни повреди на патот Градско-Неготино и на Неготино-Демир Капија. За двата настана денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Градско-Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти Додевски.

Претходно, во 9 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Додевски информира дека вчера во 13 часот во ОВР Кавадарци, Д.Т.(57) од Кавадарци пријавил дека околу 10 часот, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу него и неговите соседи на возраст од 68 и 46 години. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“

Мицкоски: Филипче со контрадикторни изјави, ако е краток периодот да се цени неговата работа во СДСМ тогаш е краток и за да се цени работата на Владата