Утрински Весник
Магазин

Ралф Лорен подарува 1,5 милиони производи за „хероите од првите борбени линии“

Ралф Лорен подарува 1,5 милиони производи за „хероите од првите борбени линии“

Њујорк, 22 мај 2020 (/) – Ралф Лорен, еден од најпознатите светски дизајнери, откако донираше десет милиони долари за борба против пандемијата на Ковид-19, одлучи на хероите од првите борбени линии да им подари 1,5 милиони парчиња од своите производи.

Меѓу подароците ќе бидат свечени фустани, костуми, дуксери, тренерки, маици, џемпери, фармерки.

Производите ќе бидат донирани преку хуманитарна мрежа и преку партнерската компанија на Ралф Лорен, што меѓу другото, е насочена кон поддршка на одделите за онкологија, откако на познатиот дизајнер му е излекуван тумор на мозокот. ки/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Создаден првиот летачки автомобил „Jetson ONE“ во Шведска

Hекои луѓе комарците ги касаат повеќе од другите – одговорот е во кожата

Луѓето кои стареат здраво ги практикуваат овие седум работи редовно