Утрински Весник
Спорт

Енрике: Натпреварите без фанови се потажни од танцување со својата сестра

Светот на фудбалот тагува со Луис Енрике

Барселона, 21 мај 2020 (МИА) – Шпанскиот селектор Луис Енрике не е обожавател на натпревари без публика, откако првенствата постепено почнаа да ги обновуваат своите сезони пред празни трибини поради пандемијата од коронавирус.

– Натпреварите без фанови се потажни од танцување со својата сестра, рече тој во интервјуто за шпанското кошаркарско шоу „Колгадос дел Аро“.
Минатиот викенд Бундеслигата стана првиот водечки европски шампионат што ја продолжи својата кампања, а на играчите им беше забрането да слават голови заедно за да го ограничат ризикот од инфекција, додека стадионите кои традиционално беа преполни со страствени навивачи, беа празни.

– Тоа е грдо, ги гледав натпреварите на германскиот шампионат. Можете лесно да ги слушнете навредите и да ја изгубите интимноста на прекрасните моменти кога постигнувате гол, додаде поранешниот играч од средниот ред и тренер на Барселона.

Сепак, тој призна дека враќањето на спортот на телевизиските екрани ќе биде утеха на милиони фанови ширум светот кои поголемиот дел од своите денови ги поминуваат во своите домови заради рестриктивните мерки наметнати од владите за контрола на ширењето на инфекцијата.

– Треба да разбереме дека ова е глобален бизнис кој генерира многу приходи и иако оваа перспектива е далеку поинаква кога има навивачи на трибините, тоа може да ни помогне да ги надминеме тешките моменти за време на карантинот. Ако сте љубител на фудбал или кошарката, тогаш гледањето натпревар е секогаш интересно, заклучи Енрике.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо