Куманово, 21 мај 2020 (МИА) – Почна скринингот на вработените во кумановските градинки, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово.
Директорот на јавната здравствена установа, Ариф Љатифи, соопшти дека денеска се направени 133 тестови во Куманово.
-Утре планираме да извршиме 90 теста за вработените во кумановските градинки. 13 вработени од градинката од Липково утре ќе се тестираат во пунктот на Центарот за јавно здравје Куманово. Во Кратово ќе има 30 тестирања и во Крива Паланка 48. Вкупно 314 тестирања за североисточниот регион, изјави дриректорот Љатифи.
Скринингот во Куманово денеска бил извршен во централната градинка.
Тестовите ќе бидат испратени до Институтот за јавно здравје Скопје. ам/ев/