Утрински Весник
Македонија

Почна тестирањето на вработените во кумановските градинки

Почна тестирањето на вработените во кумановските градинки

Куманово, 21 мај 2020 (МИА)Почна скринингот на вработените во кумановските градинки, информираа денеска надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово.
Директорот на јавната здравствена установа, Ариф Љатифи, соопшти дека денеска се направени 133 тестови во Куманово.
-Утре планираме да извршиме 90 теста за вработените во кумановските градинки. 13 вработени од градинката од Липково утре ќе се тестираат во пунктот на Центарот за јавно здравје Куманово. Во Кратово ќе има 30 тестирања и во Крива Паланка 48. Вкупно 314 тестирања за североисточниот регион, изјави дриректорот Љатифи.
Скринингот во Куманово денеска бил извршен во централната градинка.
Тестовите ќе бидат испратени до Институтот за јавно здравје Скопје. ам/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп