Утрински Весник
Спорт

Решение за Евролигата на 25 мај

Евролигата воведува новина која не им одговара на најбогатите

Барселона, 20 мај 2020 (МИА) – Одлуката за продолжување на кошаркарската Евролига ќе биде донесена во понеделник, 25 мај, ден подоцна него што беше првично најавено, објави шпански „AC“.

Како што се наведува, тој ден ќе се одржи видео-состанок на 11 клуба со постојана лиценца, а тие ќе донесат одлука – продолжување или крај на сезоната.

После тоа, треба да се одржи собрание со сите 18 клуба, каде одлуката само ќе биде верификувана.

Доколку се продолжи со игра, Белград е фаворит да биде домаќин на финишот од сезоната.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Велс минимално го совлада Лихтенштајн, македонската репрезентација со реми во Кардиф ќе обезбеди бараж

Квјат загуби од беспилотно возило во трката „Вештачка интелигенција наспроти човек“

Синер прв финалист на Завршниот АТП турнир