Утрински Весник
Македонија

Општина Велес од 27 мај ќе дава субвенции за велосипеди и сончеви колектори

Општина Велес од 27 мај ќе дава субвенции за велосипеди и сончеви колектори
Dik 300x250 mk

Велес, 20 мај 2020 (МИА)Советот на Општина Велес, на предлог на градоначалникот Аце Коцевски донесе одлука за субвенционирање на купен велосипед од страна на физички лица во вредност до три илјади денари, за што се обезбедени вкупно 500 илјади денари, како и за субвенционирање на купен сончев термаленен колектор во висина до 20 илјади денари, за кој исто така се обезбедени 500 илјади денари од општинскиот буџет, информира на денешната прес – конференција градоначалникот Коцевски.

Тој  појасни дека преку соопштенија на локалните медиуми, објави на официјалната интернет страница и Facebook профил на Општина Велес, граѓаните ќе бидат информирани во врска со деталите при поднесувањето на потребните документи за аплицирање за овие субвенции.

-По завршување на сите постапки и процедури, на 27 мај 2020 година, идната среда ќе започне периодот на пријавување на заинтересираните физички лица, а постапката за избор ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, појасни Коцевски. ад/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево