Утрински Весник
Македонија

Штип доби контејнери за селектиран отпад-стакло

Штип доби контејнери за селектиран отпад-стакло

Штип, 20 мај 2020 (МИА) – Општина Штип денеска доби 30 контејнери за селектиран отпад-стакло, од компанијата „Пакомак“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев кои денеска беа на терен истакнаа дека овие контејнери се поставуваат пред сите основни, средни училишта и детски градинки, како и на повеќе фреквентни локации во градот.

-Досега имаме поставено вакви контејнери за електронски отпад, а во наредниот период ќе поставиме контејнери за селектиран отпад-пластика, изјави Бочварски.

Тој  упати апел до граѓаните за вршење селекција на отпад затоа што, како што рече, живееме во ново време каде треба да ги почитуваме сите европски стандарди и препораки со цел да живееме во поздрава животна средина.

Посочи дека денеска екипте на ЈП „Исар“ чистеа кабаст, габаритен отпад и градежен шут поставен од несовесни граѓани до контејнерите за одлагање на комунален отпад и тоа во строгиот центар на градот.

Директорот на ЈП „Исар“, Тасев посочи дека вакви контејнери веќе имаат и во други населби, а одлагањето на стаклото во посебни контејнери ќе придонесе да имаат и помали дефекти на камионите, кои го носат отпадот. вдј/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година