Велес 20 мај 2020 (МИА) – Градежните работи за санација на свлечиштето Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат кон Градско целосно ќе завршат во август, што е два месеца порано од предвидениот рок, изјави директрот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов кој денеска со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и градоначалникот на Велес Аце Коцевски беа на увид на градежните активности.
Градежните работи ги изведува битолската фирма „Стентин Градба“ и се очекува да завршат порано од рокот ако тоа го дозволат услови.
Со санацијата ќе се овозможи безбедност за сите возачи, минувачи и учесници во сообраќајот на оваа досега ризична треса од патот Велес-Градско
Министерот Горан Сугарески потенцира дека за нив како министерство најважна е безбедноста на возачите и минувачите, а кавањето на карпите кое требало да биде редовно не било правено цели 20 години.
– Ние трајно го решавааме овој проблем при што најважна ни е безбедноста на сите минувачина овој дел од патот, рече Сугарески.
Китанов информира дека завчера завршило рачното кавење на опасните карпи од ридот Цуцка кое го изведуваа петмина алпинисти од земјава и од Хрватска, а кои потоа се вклучени и во другите фази од санацијата. Моментално на карпите се прска првиот слој со бетон и се врши нејзино торкретирање. По четири –пет дена карпата ќе се буши и ќе се стават анкери за мрежа. Потоа ќе следи и вториот слој на торкретирање на карпата.
Моментално се врши торкретирање и на потпорниот ѕид кај пругата Велес-Гевгелија на овој дел под патот во должина од 145 метри, а на овој ѕид ќе се изведе и втор слој на торкретирање. Во оваа втора фаза се отстранува и тампонскиот дел за заштита на патот, и со багер се отстрануваат ситните карпи исфрлени на патот од кавењето на карпите.
Воедно во оваа втора фаза која е во тек ќе следи и поставувањето на заштитната ограда на делот откај пругата, а во третата последна фаза е предвидено асфалтирањето од овој дел од регионалниот пат од Велес кон Градско.
На новинарско прашање за високата цена на чинење на градежните работи и реакциите во јавноста, Китанов појасни дека работите се многу специфични, карпите се сериозна и специфична работа и малку фирми од земјава ја вршат оваа работа, а на помош има дојдено и фирма од Хрватска за кавење на карпите.
На прашање за реакциите на јавноста бидејќи почетокот на градежните работи беше пролонгиран цели две години, за кои едната асфалтна лента беше сопрена со сообраќај, а другата опасна за минување, директорот Китанов појасни дека и тој како и јавноста бил огорчен бидејќи кавење на карпите немало цели 20 години.
-Јавноста беше огорчена, но и јас бев огорчен зашто ова не било правено 20 години, а ние за две години тоа го направивме. Ако некој ги брифира тенденциозно и им кажува дека ова може веднаш да се почне со два багера и да заврши, вие новинарите сте тие што треба да информирате дека за ова треба проект без кој н еможе да се гради. Проект за три месеци не се прави, а избрзаните проекти ги имаме во државата и вие сте сведоци кој е резултатот од нив, како на пример Миладиновци-Штип, Кичево-Охрид. Никој од ЈПДП и Министерството за транспорт и врски не правел притисок на ниеден проект за побрзо да биде, туку треба да се изработи квалитетно за да трае сто години. Кавањето е редовна постапка на карпите, но не било правено изминатите 20 години, појасни Китанов.ад/са/