Утрински Весник
Македонија

Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ

Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ

Брисел, 20 мај 2020 (МИА) – Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

Помошта земјите ќе ја добијат во облик на заеми под поволни услови за да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

– Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, овие фондови ќе помогнат да се зајакне макрофинансиската стабилност и да се создаде простор да се овозможи овие ресурси да бидат насочени кон заштита на граѓаните и ублажување на негативните социоекономски последици од пандемијата на коронавирусот, соопшти Советот на ЕУ. тм/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !