Утрински Весник
Македонија

Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ

Одобрен пакетот помош за Северна Македонија и другите соседни земји на ЕУ
Ss2

Брисел, 20 мај 2020 (МИА) – Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пакетот помош изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

Ss1

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош. Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

Помошта земјите ќе ја добијат во облик на заеми под поволни услови за да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

– Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, овие фондови ќе помогнат да се зајакне макрофинансиската стабилност и да се создаде простор да се овозможи овие ресурси да бидат насочени кон заштита на граѓаните и ублажување на негативните социоекономски последици од пандемијата на коронавирусот, соопшти Советот на ЕУ. тм/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, заедно да продолжиме да работиме за просперитетна и модерна држава за сите

Кривична пријава за директорот на ЈП „Пазари“ од Битола, склучил договор и префрлил пари на фирма избришана од Централен регистар

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество