Утрински Весник
Македонија

„Фешн Груп“ донираше апарат со кој се прават тестови за Ковид -19 за половина час

„Фешн Груп“ донираше апарат со кој се прават тестови за Ковид -19 за половина час

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, донираше компанијата „Фешн Груп“ за Институтот за јавно здравје.

– Голема благодарност до „Фешн Груп“ за оваа донација која ни беше потребна. Апаратот е со четири независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат четири тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност и е наменет за брза детекција на коронавирусот.  Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, а 45 минути за негативен. Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците, изјави директорот на Институтот Шабан Мемети.

Донацијата ќе придонесе Институтот уште побрзо и навремено да ја прави дијагностиката во време на пандемија.

–  Горди сме што како Групација придонесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Фешн Груп како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница, истакна оперативниот директор на Фешн Груп, Тони Јанковски.

Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за здравјето на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. бак/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип