Утрински Весник
Македонија

Казнени налози против 19 лица од Скопје

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје

– Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, додека еден обвинет не постапил по Решението со кое му била определена задолжителна самоизолација, истакнуваат од обвинителство.

За сите обвинети Јавното обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози, со кои на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Владата не го чепка сопствениот луксуз туку зема од најранливите 

Ослободителна пресуда за Рамиз Мерко: Судот утврди дека немало злоупотреба при набавката на луксузното „Ауди“

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети