Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојановска во статус на Фејсбук реагираше на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за намалување на платите во јавната администрација дадена за време на гостувањето на Телма телевизија.
Во реакцијата, Стаменковска-Стојановска посочува дека се најавува кратење на платите на вработените во јавниот сектор, а од друга страна се вршат нови вработувања во институциите.
– Нема да побегне од одговорност хибридениот режим со заробени институции. Иако известувам и пријавувам незаконски вработувања, институциите кои треба да вршат надзор над примена на законите, не постапуваат, ќе остане забележано како сите државни и јавни институции се злоупотребуваат за предизборната кампања на СДС, а со Обновата на Македонија институциите ќе се ослободат, секоја злоупотреба на макар еден денар од буџетот на државата и на институциите, ќе се истражи и за секое незаконско постапување одговорност ќе има, пишува Стаменковска-Стојановска.
Посочува дека за не водење на редовност во една институција за едно лице се води кривична постапка, а како што вели, за вработени на кои им се исплаќа плата, иако не постои повеќе основ поради кој се вработиле, нема опомена и кривична одговорност.
За овие состојба, вели Стаменковска-Стојановска, ќе биде известена и Европската унија. бак/