Утрински Весник
Македонија

Се нормализира градскиот и меѓуградскиот јавен превоз во Куманово

Дежурни маркети што работат за време на полицискиот час во Кумановo, заинтересираните да ја контактираат Општината

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Јавниот градски и меѓуградски јавен превоз од и кон Куманово се нормализира откако пред околу еден месец Владата донесе одлука за забрана како една од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во овој регион.

Од владината прес- служба вчера информираа дека Владата го прифатила предлогот на Главниот штаб за коориднација врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести.

Одлуката за забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓународни патнички и железнички патнички јавен превоз стапи на сила на 25 март, а беше донесена на 27. владина седница. бак/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

Денеска до 19 степени, можен слаб дожд во западните делови и во Скопје

Павловска најави нов протест против фемицидите на 25 ноември