Утрински Весник
Македонија

ЕК одблиску ги следи разговорите за датум за избори

Северна Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори

Брисел, 19 мај 2020 (МИА) – Европската Комисија (ЕК) одблиску ги следи разговорите помеѓу политичките партии за одредување датум за парламентарните избори, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Од блиску ги следиме разговорите во Скопје помеѓу политичките лидери. Разговорите треба да продолжат за земјата да може да организира избори и да се справи целосно со последиците од кризата со Ковид-19, рече на прашање на МИА, портпаролката на Европската Комисија за проширувањето, Ана Писонеро.

Извори во институциите на ЕУ за МИА велат дека неизвесноста околу изборите би можела да влијае и врз објавувањето на преговарачката рамка, која официјално се очекува во текот на идниот месец. Овие документи би можеле да се одложат до септември, посебно доколку има било каков застој во Скопје и Тирана.

Според повеќе дипломатски извори, сѐ поизвесно станува и дека редовните извештаи за напредокот на земјите од регионот ќе бидат одложени за наесен, иако официјална потврда ЕК за сега одбива да даде.

Останува прашањето дали преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија сепак би биле објавени во јуни. Извештаите и рамките не мораат да бидат објавени во исто време.тм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии 

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3