Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се чист поткуп, стопанството е ставено на чекање до септември

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК

 

Скопје, 18 мај 2020

Таканаречените мерки на СДСМ се чист изборен поткуп. СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи, а впрочем го оставаат стопанството на чекање до септември.

Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Голем број на фирми се остават на цедило и им се заканува можно затворање.

Владата не реагираше на време кога на стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми.

Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи.

Квази мерките на владата не даваат резултати. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно, со СДСМ имаме само криминал, корупција и неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија. Преку активни инвестиции ќе ја стимулираме економијата, а тоа ќе значи инфраструктурен бум и засилен влез на странски инвестиции. Царинска гилотина и воведување на рамен данок, со целосно негово спуштање до 8% во текот на мандатот.

Ќе воспоставиме стандарди на работа и морален кодекс на делување.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт