Утрински Весник
Економија

Сугарески: Наскоро се очекува одговорот од ТАВ за користење околу 50 милиони евра

Сугарески: Наскоро се очекува одговорот од ТАВ за користење околу 50 милиони евра
Dik 300x250 mk

Штип, 18 мај 2020 (МИА) – Владата го доставила Предлог-нацрт договорот до ТАВ, според кој, наместо за изградба на Карго аеродром меѓу Свети Николе и Штип, средствата од околу 49 милиони денари да се искористат за изградба на нови водоводи, канализации, градинки и училишта низ општините во земјава.

Како што изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, одговорот од ТАВ се очекува во најбрз можен рок.

-Ние очекуваме нивни одговор се работи з асума од околу 50 милиони евра или над 49.700.000 евра и врз база на нивниот одговор што ќе го добиеме, бидејќи нашето барање е тие да бидат слеани во буџетот и понатаму да се градат секаде инфраструктурни проекти низ државата. Очекуваме во најбрз временски период, тоа да биде решено со ТАВ, истакна Сугарески по посетата на Свети Николе.

Тој посочи дека Предлог-нацрт договорот до ТАВ е доставен пред повеќе од еден месец. Од овие средства Општина Свети Николе очекува околу 800.000 евра за инфраструктурни проекти, додека Штип над еден милион евра за изградба на водоводна линија два, која ќе значи развој на бањолошкиот туризам од Кежовица, како и стабилно водоснабдување за неколку штипски населби и индустриски зони. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица