Утрински Весник
Македонија

Положено цвеќе пред споменикот на Јане Сандански

Положено цвеќе пред споменикот на Јане Сандански

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Општина Аеродром денеска ја одбележува 148-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански, а по тој повод, делегација на Општината, предводена од градоначалникот Златко Марин, положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.

– Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани, истакнаа од Општина Аеродром.см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

ВЛЕН: Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена