Утрински Весник
Македонија

Во Велес вчера имало три физички пресметки,од кои едната по полноќ за време на полицискиот час

Во Велес бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми од  шест на десет лица
Dik 300x250 mk

Велес, 18 мај 2020 (МИА) – Велешанка вчера пријавила во полиција дека со нејзината ќерка биле нападнати физички од  29 -годишниот С.У. од Велес.  Како што информираат од СВР Велес, 37- годишната  М.А. од Велес пријавила дека околу 10.45 часот на ул.„Ангел Мишев“ таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од  29 годишниот С.У. од Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, вчеравечер за време на полицискиот час околу 01.00 часот, на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу 47-годишниот  В.С. и 41-годишниот И.С. од една страна и 23- годишниот И.Т. и четири непознати лица, од друга страна.

Против инволвираните во случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, вчера  околу 12.50 часот на ул.„Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу 42- годишниот Б.З. 37- годишниот  М.А.20 годишниот  Е.Х.(20) и 15-годишен малолетник.

Како што појасни портпаролот Додевски, по настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.ад/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

Приедени возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти