Утрински Весник
Економија

„НЛБ Банка“ со раст на нето профитот во првиот квартал

Грабеж во експозитуратa на НЛБ Банка во Сарај

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Скопската „НЛБ банка“, која е дел од словенечката банкарска групација „НЛБ Груп“, соопшти дека во првиот квартал од оваа година остварила профит од 418,5 милиони денари, што претставува раст од 1,9 отсто во однос на истиот период лани.

Во првите три месеци од 2020 година нето приходите од каматите на банката се намалиле за 3,8 проценти на 846,7 милиони денари, приходите од девизите пораснале за 17,3 отсто на 45,5 милиони денари, додека останатите оперативни приходи се зголемиле за 386 проценти на 108,7 милиони денари.

Како што објави СЕЕ Њуз, трошоците за амортизација на НЛБ во посочениот период се намалени на годишно ниво од 50,7 милиони денари на 49,5 милиони денари, додека вкупниот имот на банката на крајот на март изнесувал 89,3 милијарди денари, што претставува зголемување во однос на крајот на минатата година, кога тој бил 88,2 милијарди денари.

Вредноста на кредитите и авансите на сите клиенти, со исклучок на останатите банки, на крајот од март порасна на 55,42 милијарди денари од 54,7 милијарди денари на крајот на 2019 година, додека депозитите се зголемија 72,3 милијарди денари на 73,26 милијарди денари. сп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија