Куманово, 18 мај 2020 (МИА) – Кумановскиот Центар за социјални работи досега подели 1.250 картички за мобилен интернет за ученици кои следат онлајн настава од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, а доаѓаат од семејства од социјален ризик, соопштија денеска надлежните од Центарот.
Картичките се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Македонски Телеком АД, а наменети се за ученици кои потекнуваат од домаќинства приматели на гарантиран минимален приход, детски додаток и образовен додаток.
-Продолжуваме со делење картички за овие корисници, имаме на располагање вкупно 2.300 картички, изјави директорката на Центарот за социјални работи, Алескандра Арсовска.
Во руралните средини картичките на овие ученици ќе им бидат доставени на домашна адреса. Делењето на картичките е активност во контекст на следење на непречен образовен процес на деца кои доаѓаат од семејства од социјален ризик и кои редовно треба да го следат образованиот процес кој се одвива онлајн.ам/скс/