Утрински Весник
Македонија

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар во однос на вчера, а кај Дојранското Езеро е ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со последната измена, Охридското Езеро се наоѓа на нултата кота, кај Преспанското Езеро нивото е за 93 сантиметри пониско од просечното, додека кај Дојранското Езеро е за 2,93 метри повисоко од повеќегодишниот просек за мај.

Понсики од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава, со исклучок на Бабуна на мерното место кај Богомила, а бележат и благо намалување во споредба со вчера. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се зголемува фреквенцијата на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници

ЦУК: Три активни пожари, два се изгаснати

МВР за насилството на началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки