Утрински Весник
Македонија

Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Струшко обвинителство поднесе казнени налози против две лица за непочитување на полицискиот час

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – фалсификување исправа.

Обвинетиот, како што информираат од Јавното обвинителство, на 25 февруари при поднесување барање за привремен престој и на 11 мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа – турски пасош. На оригиналната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа. Вметната нова неоригинална страница се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа. Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврати, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.​ дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер