Утрински Весник
Спорт

Двајца навивачи го гледаа натпреварот на Баерн против Унион од 12-метарско дрво

Двајца навивачи го гледаа натпреварот на Баерн против Унион од 12-метарско дрво

Берлин, 18 мај 2020 (МИА) – Двајца навивачи се обидоа да го следат натпреварот во Бундеслигата меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен во живо, и покрај ограничувањата поради коронавирусот.

Навивачите се искачија на 12-метарско дрво во близина на стадионот на Унион. Извесно време го гледаа натпреварот, но беа забележани од полицијата, која ги принуди да се симнат.

Полицијата не ги казни сторителите и само ги принуди да ја напуштат територијата. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство