Утрински Весник
Македонија

Анкета на Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки

Анкета на Детектор: Една четвртина од граѓаните имаат проблем да се справат со рестриктивните мерки

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Една четвртина од граѓаните велат дека имаат проблем во справувањето со мерките на Владата за социјална изолација и полициски час, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 24,6 отсто од анкетираните граѓани велат дека справувањето со мерките за социјална
изолација и полицискиот час им претставува проблем, додека 71,8 проценти велат дека таков проблем немаат.

Но и оние кои го имаат, ретко се решаваат за тоа да побараат помош. Анкетата покажува дека
само 14,1 отсто од анкетираните велат дека побарале помош за да се справат со проблемот, додека 85,9 проценти не го сториле тоа.

Само 2,8 отсто од граѓаните велат дека имаат некој близок или познајник кој во овој период на корона кризата се соочил со домашно насилство, додека 86,3 отсто не познаваат вакви лица.
Речиси половина од граѓаните периодот кога се во изолација во својот дом го поминуваат
работејќи низ дома или гледајќи телевизија.

Изолацијата ја поминуваат работејќи низ дома изјавиле 22,5 отсто од граѓаните, додека 21,6 отсто
главно гледаат телевизија. Дека се одмораат одговориле 14,4 отсто, 10,8 отсто ги прегледуваат постовите на социјалните мрежи, а 7,6 проценти се дружат со семејствата.

Од прашаните граѓани, 68 проценти велат дека интернетот и социјалните медиуми значително им помагаат во периодот на домашна изолација, додека 23,9 отсто велат дека тоа и не е некоја помош.

60,4 проценти анкетирани во овој период со роднините и пријателите комуницираат главно
телефонски, 21,6 отсто ги користат социјалните мрежи, а 9,1 отсто комуникација преку видеоврска.
Само 4,5 отсто од граѓаните велат дека комуницираат со блиските преку директен контакт, а 3 проценти велат дека воопшто немаат комуникација.

Нешто помалку од половина, или 46,9 проценти, велат дека се задоволни од информациите околу
состојбата со кризата кои ги добиваат од медиумите. 39,8 отсто велат дека се делумно задоволни а
8,5 проценти велат дека не се.

Во споредба со мартовската анкета, во април се намалува бројот на граѓани кои се задоволни од
информациите кои ги добиваат од медиумите. Од 66,9 отсто во март, за еден месец процентот се
спуштил на 46,9. Затоа речиси двојно се зголемил бројот на граѓани кои се делумно задоволни
од информациите за кризата кои ги добиваат од медиумите. Па така, од 21,2 отсто во април, бројот на делумно задоволни граѓани скокнал на 39,8 отсто.

Благо зголемување за еден процентен поен бележи и бројот на граѓани кои не се задоволни од
информациите за кои за кризата ги добиваат од медиумите. Ако во март само 7,5 отсто од граѓаните се изјасниле како незадоволни, во април тој процент се зголемил на 8,5.

Доверба во информациите кои ги добиваат од медиумите имаат 72,4 проценти од анкетираните,  додека 21,5 отсто немаат доверба во добиените информации.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за
политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници, во периодот
од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3 проценти. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја