Утрински Весник
Спорт

Ливерпул е заинтересиран за Ѕаноло

Заноло: Мојот идол е Тоти, сакам да станам како него, легенда на Рома

Рим, 17 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Рома, Николо Ѕаноло, може да го напушти клубот. Според „Кориере дело спорт“, долговите на Римјаните за претходниот квартал достигнале 278,5 милиони евра, а, со оглед на неизвесноста со купувањето на клубот од страна на бизнисменот Дан Фридкин, една од опциите за намалување на долговите и загубите, е продажба на клучни играчи, вклучувајќи го и Ѕаноло.

Дваесетгодишниот играч од средниот ред е во областа на интерес на Ливерпул, иако главниот тренер на тимот од Мерсисајд, Јирген Клоп, не го смета за приоритетен за купување.

Забележано е дека пред кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, Ѕаноло се проценуваше на 80 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Јувентус е заинтересиран за Италијанецот и е подготвен да го вклучи во трансферот фудбалерот од средниот ред Федерико Бернардески. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот