Утрински Весник
Македонија

Продолжување на работниот однос на административци, технички лица и стручни соработници во образованието

Владата му препорача на ЈО приоритетно да постапува по предметите во врска со одлуките и мерките за спречување на коронавирусот

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Владата донесе одлука да се овозможи продолжување на работниот однос на административните службеници, помошно-техничките лица и стручните соработници кои се вработиле во основните или средните училишта до денот на прогласување на вонредната состојба, без јавен оглас на определено време на работно место кое е испразнето поради пензионирање, боледување, отказ, смртен случај и преземање.

Владата ја донесе одлуката денеска на седница со измена и дополнување на уредбите со законска сила за примена на законите за основното и за средното образование и уредбата со законска сила за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување