Утрински Весник
Македонија

Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие

Негативни сите 184 тестови од скринингот во градинките во изминатото деноноќие

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни, соопшти Министерството за здравство.

Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и шест од Велес, со што почна и тестирањето на вработените во градинките во Велес. Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки.

– Согласно со денешниот извештај на ИЈЗ, со скринигот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19, сите други тестирани лица се негативни на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

Во Битола за три дена се завршени тестирањата на сите 322 вработени во градинките и таму е регистриран единствениот позитивен случај на КОВИД-19. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност