Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – На 16.05.2020 во 15.45 часот на Средно Водно, на патот кон Нерези, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.05.2020 во 15.20 часот на ул.„Братство Единство“ во Куманово, полициски службениц од СВР Куманово од слобода го лишиле Д.Ј.(23) од с.Љубодраг, кумановско, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.05.2020 во 13.00 часот на ул.„Димче Мирчев“ во Неготино, 16-годишник од Неготино, управувајќи мопед, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата, малолетникот бил пренесен во Здравствен дом Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од Полициската станица Неготино.

На 16.05.2020 во 04.15 часот во с.Велебрдо, пред селската џамија, за време на ограничено движење, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Ростуше, поради илегален престој во РСМ, бил приведен Д.Р.(25) од Р.Албанија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 02.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење, во водите на Преспанското езеро во с.Штрбово и во с.Наколец, на околу 50 метри од брегот на езерото, пронашле рибарски мрежи со улов. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2020 во 15.00 часот на ул.„Љуботенска“ во н.Голема Речица во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.З.(42) од н.Мала Речица и мотоцикл „лонгиа“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.А.(32) од н.Голема Речица. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница Тетово, каде бил пренесен за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

На 16.05.2020 во 22.30 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници го забележале Ф.А.(20) од Скопје за време на ограничено движење и му укажале дека ќе биде приведен, затоа што не ја почитувал мерката за ограничено движење. Во тој момент дошол неговиот брат Б.А.(29) и физички ги нападнал полициските службеници. Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, додека Ф.А. ја искористил ситуацијата и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 04.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК„Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, пронашле повеќе рибарски мрежи и уловена риба. Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара