Утрински Весник
Македонија

Од вторник повторно ќе се издаваат лекарски уверенија за возачки дозволи во Делчево

Од вторник повторно ќе се издаваат лекарски уверенија за возачки дозволи во Делчево

Делчево, 17 мај 2020 (МИА) – По двомесечна пауза, започнува со работа Комисијата за издавање лекарски уверенија за кандидатите кои полагаат возачки испит во Делчево. Повторното издавање лекарски уверенија, како што информираа од Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ од Делчево стартува од вторник, под посебни мерки за безбедност поради вирусот Ковид-19.
-Како Јавна здравствена установа „Гоце Делчев“ од Делчево ги информираме кандидатите за возачи дека од вторник, 19 мај, повторно со работа започнува Комисијата за лекарски уверенија за возачки дозволи. Согласно препораките за заштита од Ковид-19, при посетата на здравствениот дом секој кандидат задолжително со себе треба да носи заштитна маска, пенкало и лична карта, информираат од делчевскиот здравствен дом.
Како што додаваат уверенијата во наредниот период ќе се издаваат со претходно закажување на телефонскиот број истакнат на огласната табла во делчевската амбуланта.
Ова како што велат од делчевските авто-школи ќе значи повторно отпочнување со работа на терен со самите кандидати.
-Владата и претходно даде зелено светло за отпочнување со работа. Ова ќе значи дека конечно ќе можеме повторно во целост да ја вршиме нашата работа. Имаме многу кандидати кои веќе два месеци чекаат да помине кризата за да можат да ја добијат својата возачка дозвола, велат од делчевските автошколи.
Во Делчевскиот регион два и пол месеци без работа беа триесетина лица вработени во автошколите, од кои само дел се пријавиле за користење на финансиски надомест за ублажување на економските мерки, како резултат на кризата наметната од коронавирусот. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор