Утрински Весник
Спорт

Интер во наредните денови ќе ја извести Барселона кои играчи ги сака за Лаутаро

Барса ги нуди Семедо, Видал и 70 милиони евра за Лаутаро Мартинез

Милано, 16 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски клуб Интер во наредните неколку дена ќе и каже на Барселона какви играчи сака да бидат вклучени во трансферот за Лаутаро Мартинез.

Почетната цена за предвремен прекин на договорот на фудбалерот е 111 милиони евра. Барса е подготвена да плати половина – околу 60 милиони евра – во готово и да вклучи играчи за покривање на остатокот од сумата.

Интер, според „Марка“, е најзаинтересиран за Нелсон Семеду, Артуро Видал, Жан-Клер Тодибо, Јуниор Фирпо и Самуел Умтити.

Спортските директори на „неро-азурите, Бепе Марота и Пјеро Аусилио ќе разговараат со тренерот Антонио Конте за да ги пронајдат најсоодветните играчи за тимот. На Интер му треба десен бек, а Семеду е една од најинтересните опции за оваа позиција. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига