Утрински Весник
Македонија

Предложени парични казни за две лица за непочитување на полицискиот час во Ресен

Полицискиот час изминатото деноноќие го прекршиле 117 лица

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Постапувајќи по поднесени кривични пријави, Основното јавно обвинителство – Ресен поведе постапка против две лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– До Основниот суд – Ресен поднесени се предлози за издавање казнени налози со кои за лицата се бараат парични казни во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност, соопштуваат од Јавното обвиителство.

Обвинетите, посочуваат од ЈО, на 13 мај, за време на полицискиот час се движеле со возила без да поседуваат дозвола за тоа, при што биле сопрени од страна на полициски службеници од ОВР – Ресен. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија