Утрински Весник
Македонија

Четири лица во Битола обвинети за непочитување на полицискиот час

Казнени налози за петмина битолчани, го прекршиле полицискиот час

Битола, 16 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство – Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Сите четири лица се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи за време на полицискиот час се движеле без дозвола на различни локации, соопшти Обвинителството.

Со казнените налози за нив се предложени парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

Маричиќ: Помагам на евроинтеграциите на Молдавија, Црна Гора и Украина, со раководството на СДСМ имам коректна комуникација

Адеми: Инсистирањето на Владата пак да го отвори прашањето за јазикот само ќе доведе до нови и штетни квалификации