Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Минатата година рекордна посетеност на кината во Македонија

Минатата година рекордна посетеност на кината во Македонија
300x250 opst2

Во 15 киносали низ државата, минатата година биле прикажани 1.139 филмови и 15.667 кинопретстави. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите достигнал 539.218, што е рекорден број во последните 10 години.

Во интервју за „Мета.мк“, првиот човек на Кинотека на Северна Македонија, Владимир Ангелов, ги истакна своите претпоставки за можната рекордна посетеност на кината која се должи на македонските филмови, но и на познатиот „Џокер“. Како што изјави тој, нема да биде изненадување ако во 2020 година имаме негативен пад на посетеноста, токму поради вонредните услови, поради кои се затворија кината. Ангелов напомена дека ќе биде тешко да се вратат луѓето во киносалите, но се надева дека во кино ќе може да се оди како и порано.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ