Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Волонтерска хуманитарната акција под покровителство на претседателот Пендаровски

Волонтерска хуманитарната акција под покровителство на претседателот Пендаровски
Img 7972

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Сопругата на претседателот Стево Пендаровски,  Елизабета Ѓоргиевска, заедно со волонтери од партнерски организации, учествуваше во подготовка на хуманитарни пакети за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Пакетите беа подготвени во рамки на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“,  под мотото  „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги.

Во проектот кој се реализира под покровителство на претседателот Пендаровски, партнерски организации се: Црвен крст на Република Северна Македонија, Иницијативата  #РетвитниОброк, Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци  „Љубезност“, Здружението за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, како и „Храна за сите – Банка за храна“.

Кабинетот на Претседателот соопшти дека целта на хуманитарната акција е преку вклучување на граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во земјава, како и меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси,  заеднички да се даде неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.

– Во досегашниот тек на хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“ се вклучија десетина општествено одговорни компании, едно дипломатско претставништво и граѓани. Приемот на производи се одвива секој понеделник и среда, а нивната дистрибуција до најранливите категории на граѓани се врши секој петок во канцеларијата на Претседателот „Млади хаб“, информира Кабинетот на претседателот Пендаровски. хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дрска кражба на мобилен телефон, Обвинителството откри детали

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори