Утрински Весник
Македонија

Приведени 49 лица за непочитување на забраната за движење

Во Кичево извршени 33 контроли врз лица во самоизолација, ситуацијата стабилна

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Дваесет лица ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна маска.

Како што соопшти МВР, за последните 24 часа на територијата на државата на 107 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полицијата при извршени контроли не евидентирала лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.хс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче, како специјален бугарски пратеник верува дека уставните измени се последно барање

Честитка од претседателката Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски