Утрински Весник
Спорт

Фенербахче ќе биде дом на Обрадовиќ сè додека тој сака да остане во клубот

Обрадовиќ се враќа во Панатинаикос, Јасикевичиус во Фенербахче

Истанбул, 15 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Фенербахче, Али Коч изјави дека клубот планира да му понуди договор за продолжување на соработката на тренерот Жељко Обрадовиќ.

– Фенербахче ќе биде негов дом сè додека сака да остане во клубот. Нашите намери не се променети и за тоа разговаравме со него. Се обидовме да се согласиме да го продолжиме договорот неколку пати во текот на сезоната, но Обрадовиќ рече дека е подобро да се разговара за ова кога ќе заврши сезоната. Не знам што ќе одлучи Евролигата, но не мислам дека ќе играме летово. Во наредните денови ќе се консултираме со него за ова прашање, истакна Коч.

Договорот на Обрадовиќ со турскиот клуб важи до крајот на сезоната 2019/20. Србинот претходно ја кажа својата желба да остане во Фенербахче. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели