Утрински Весник
Македонија

Османи: За првпат како земја чувствуваме дека сме внатрешно прашање на Унијата

Османи: За првпат како земја чувствуваме дека сме внатрешно прашање на Унијата

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Донација од Австрија обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија како поддршка во борбата со КОВИД-19 денеска му беше предадена на вицепремиерот Бујар Османи како национален координатор за распределба на странска помош во земјава.

Османи, кој се заблагодари за донацијата, рече дека ова е доказ за добрите билатерални односи меѓу двете држави и грижата што секогаш ја покажува Австрија кон нашата земја на политички план.

– Австрија направи многу во делот на започнувањето на преговорите, но и за конкретнава соработка. Не е прв пат земјава да го ползува Цивилниот механизам на ЕУ за поддршка во време на кризи. Така беше и пред неколку години кога земјава беше соочена со предизвиците од поплавите, што укажува на функционалноста на Цивилниот механизам, како платформа за блиска соработка меѓу земјите од Европа, истакна Османи.

Но , она што е многу поважно според Османи е тоа што за првпат како држава сме третирани како внатрешно прашање на Европската унија.

– Првпат чувствуваме што значи да сме дел од Европската унија. Она што е важно е дека за првпат ние сме третирани како внатрешно прашање на Европската унија, а тоа се случува поради тоа што почнавме преговори со Унијата, рече Османи, посочувајќи дека земјава покрај Европскиот механизам за цивилна заштита, е директно вклучена и во останатите заеднички политики на ЕУ за справување со предизвикот на пандемијата, како што се заедничката јавна набавка на медицински средства и материјали, размената на информации и стекнати знаења, исклучувањето од извозните ограничувања за медицински материјали и заштитна опрема и вклучувањето во Европскиот солидарен фонд. бак/дма/

Примопредавање на донација како подршка во борба против Ковид 19

Posted by MИА.mk on Петок, 15 мај 2020

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ

1,95% ќе биде каматата за стопанството со 3 години грејс период и 15 години рок на отплата, рече Мицкоски