Утрински Весник
Економија

Со ребалансот Буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП

Со ребалансот Буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Вкупните расходи, со ребалансот на Буџетот за, годинава, што го донесе Владта вчера на седница, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии денеска на прес-конференција.

Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари (414,6 милиони евра) во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската комисија.

Ребаланс е за опоравување и рестарт на економијата во услови на  Ковид-19, целта  е реално да се прикажат очекувањата како резултат на здравствениот и економски шок предизвикан од КОВИД, рече министерката. скс/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки