Утрински Весник
Македонија

Владата ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

Владата ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

– Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја. цр/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара