Утрински Весник
Економија

Во март издадени 219 одобренија за градење

Во мај 222 градежни дозволи, предвидена изградба на 463 станови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Во март годинава се издадени 219 одобренија за градење, за 20,9  проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење,предвидената вредност на објектите изнесува 2.729.753.000  денари, што е за 11,2 проценти помалку споредено со март лани.

Најголем број дозволи за градење, 55, се издадени во Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 48, Вардарскиот со 33… И во овој период со најмалку дозволи за градење се Источниот и Југоисточниот, каде се седум, односно три.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52.5  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,7 проценти) од нискоградба и 63 (28,8  проценти) за објекти за реконструкција.

Од 219-те објекти за кои се издадени одобренија за градење, на 109 (49,8  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (50,2  проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови, со вкупна корисна површина од 24 572  метри квадратни. Во Скопскиот регион ќе се градат 86 стана, од кои 38 во Општина Гази Баба, 22 во Кисела Вода, 17 во Карпош. лв/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бислимовски: Последното зголемување на цената на струјата не можеше да се избегне

Миноски: Македонија функционира по олигархиски модел – државата работи за малкумина, а мнозинството плаќа

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност