Утрински Весник
Македонија

Мрежата против насилство врз жените бара итно расчистување на двата последни случаја на фемицид

Мрежата против насилство врз жените бара итно расчистување на двата последни случаја на фемицид

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Два фемицида за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство, реагира Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и ги повикува министерствата за внатрешни работи и за  труд и социјална политика и Основното јавно обвинителство итно да ги расчистат случаите и да покренат соодветни постапки против сторителите на убиства на жени што се случија во изминатите 15-ина дена.

Мрежата против семејно насилство реагира на убиството што се случи пред две недели кога 40-годишен арачиновец ја уби својата сопруга и на убиството што на 10 мај го изврши 27-годишник во Скопје кој до смрт ја претепал жената со која живеел.

-За неполни две недели во нашата држава бележиме два фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици. Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост, наведува Мрежата во реакцијата, нагласувајќи дека постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза.

Апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции и очекува кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската конвенција. хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По седум дена мистерија – пронајдена исчезнатата скопјанка, видете што се случило

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска

Давитковски: Процесот за трагедијата во Кочани да се подели на повеќе обвиненија