Утрински Весник
Македонија

Општина Бутел ќе донира компјутери за ученици од социјално ранливи семејства

Влијанието на телевизорот и компјутерот врз детето

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски денеска во сите основни училишта ќе донира компјутери, за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат, со цел да се надмине проблемот со следењето на онлајн наставата воведена со избивањето на корона епидемијата.

Од Општина Бутел информираат дека ќе бидат поделени 45 компјутери од кои 13 се донирани исправни стари комјутери во рамките на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“, 10 се нови донирани компјутери од Град Скопје, а 22 се лична донација на градоначалникот Смилевски.

Воедно ќе бидат поделени и пакети со храна за социјално загрозените семејства. дма/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на Бехтел и Енка

ВЛЕН: Честит Курбан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед

Уапсени двајца криумчари на мигранти од Косово, одреден им е притвор од 30 дена